Достапни линкови

logo-print

Карстен Спор: Екипажот на Ербасот не испратил сигнал за помош


Шефот на Луфтханза изјави дека екипажот на Ербасот А320 на Германвингс, што вчера се урна на Алпите, не испратил сигнал за помош и дека екипажот не одговорил на очајните обиди за контакт од контролата на земја. „Тоа е небојасниво “, рече шефот на Луфтханза Карстен Спор во Франкфурт. Тој истакна дека авионот бил во перфектна состојба и дека двајцата пилоти биле искусни.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казаневе денеска изјави дека црната кутија која беше најдена во урнатините е диктафонот од пилотската кабина. Казаневе рече дека кутијата е уништена, но оти може да биде употреблива за да се дознаат информации за причините за вчерашниот пад на Ербасот А320 во планините, при што загинаа 150 луѓе.

Тој рече дека инспекторите не отфрлаат ништо, но додаде дека нема причини за сомневање во тероризам. Истражувачките тимови продолжуваат со работа во областа каде авионот се урна и остатоците од авионот наводно се расфрлани на широк простор.

Француската полиција соопшти дека никој не преживеал на местотот на несреќата кое се наоѓа на две илјади метери надморска височина и ќе бидат потребни денови да се вратат остатоците од жртвите, поради тешкиот терен, снегот и најавените бури. Германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и шпанскиот премиер Мариоано Рахој треба денеска да го посетат местото.

XS
SM
MD
LG