Достапни линкови

Двајца украински функционери уапсени на владина седница


Украинската полиција денеска ја прекина владината седница која се пренесуваше во живо на телевизија и го уапси шефот на Службата за вонредни ситуации Серхиј Бошковскиј и неговиот заменик Василиј Стојетскиј, приведувајќи ги двајцата функционери со лисици на рацете. Министерот за внатрешни работи Арсен Аваков, изјави дека двајцата се под истрага под сомненија за корупција поврзана со офшор компании. Премиерот Арсениј Јатсенук сугерираше дека тие ја поткопуваат Украина во услови на економски проблеми и конфликт со проруските сепаратисти. „Кога земјата е во војна и кога ја сметаме секоја пара, тие крадат од луѓето и од земјата“, вели Јатсенук. Тој предупреди дека тоа ќе му се случи на секој што ќе го прекрши законот.

XS
SM
MD
LG