Достапни линкови

ЕУ го замрзнува дијалогот со Македонија


ЕУ праќа сигнали дека отчукува саатот за препораката и македонската кандидатура. Пораките од Брисел треба да се гледаат сериозно, велат експертите.

По пораките од Брисел за застој во пристапниот дијалог и дел од домашните аналитичари, предупредуваат дека политичката состојба во земјава може да одигра негативна улога врз натамошното приближуавње на Македонија кон ЕУ.

Ако имавме опомена дека е можно препораката да биде одземена уште во извештајот во октомври 2014, по новите случувања е многу јасно дека едноставно отчукува саатот за препораката и македонската кандидатура.

Малинка Ристовска Јордонова од Институтот за европска политика посочи дека и се чини оти гледа опасност и за препораката за влез на земјава во ЕУ.

„Ако имавме опомена дека е можно препораката да биде одземена уште во извештајот во октомври 2014, по новите случувања е многу јасно дека едноставно отчукува саатот за препораката и македонската кандидатура.“

​Таа вели дека практично сега е блокирана европската агенда и тоа се гледа од односот на Брисел кон Македонија.

Портпаролката на Комесарот за соседска политика и преговори за проширување Маја Коцијанчич вчера изјави дека пристапниот дијалог продолжува на техничко ниво и додаде дека засега нема планови за средба меѓу евро комесарот и премиерот. Нејзината изјава ја потврди и вицепремиерот Фатмир Бесими. Овие пораки не се случајни, вели Ристовска Јорданова.

„Се даваат јасни сигнали од страна на европската од страна на Европската унија дека сите инструменти на процесот коишто означуваат казни и санкции веќе се ставаат во погон, тоа е откажувањето на состаноците, замрзнувањето на претпристапниот дијалог, значи дијалогот меѓу ЕУ и Македонија веќе е замрзнат и оние инструменти што се ставаат во погон се повеќе личат на кризен менаџмент.“

Поранешниот дипломат Благој Зашов исто така е песимист околу евронтеграциите. Тој предупреди дека на пораките од Брисел треба да се гледаат сериозно и оти иднината на Македонија е во излез од политичката криза.

„Тоа е сосема јасна порака од Брисел дека она што се случува во Македонија е непријатно и тие не сакаат понатаму да продолжат така како што беа преговорите, односно односите со Брисел, и затоа треба оние што се надлежни малку да се помислат. Постои реална опасност од Брисел да добиеме негативна оценка уште од сега пред извештајот во октомври, вообичаено како што се секоја година.“

Пристапниот дијалог е стопиран веќе еден месец, а експертите очекуваат да продолжи кога ќе се најде решение за политичката криза. Дијалогот еднаш беше прекинат поради настаните на 24 декември во Собранието, но Ристовска посочи дека таа порака од Брисел сега е многу појасна.

Шефот на дипломатијата, Никола Попоски, во изјава за БИРН потврди дека е сосема реална можноста оценката на Европската комисија за почеток на преговори да се промени. Според него, клучни причини за тоа се продолжениот бојкот на Собранието како и недостатокот на мотив за водење дијалог во институциите.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG