Достапни линкови

Путин го отпушти гувернерот на областа Сахалин


Рускиот претседател Владимир Путин го отпушти долгогодишниот гувернер на источниот регион Сахалин, три недели откако беше уапсен под сомнение за примање поткуп. Путин потпиша декрет за разрешување на Александар Хорошавин, поради „загубена доверба“. Хорошавин управуваше со регионот Сахалин од 2007 година. Тој на почетокот на месецот беше обвинет за земање на 5,6 милиони долари поткуп од компанијата „Енергострои“. Инспекторите велат дека Хорошавин барал 6 проценти провизија на приходите од договорот со компанијата, во замена за неодредени усуги за Енергострои. Тој моментално е во притвор и може да биде осуден на 15 години затворска казна.

XS
SM
MD
LG