Достапни линкови

Невработеноста - горлив проблем за лицата со инвалидитет


Статистичките податоци покажуваат дека во државата има околу 1.500 невработени инвалиди. Тие велат дека нивниот хендикеп често пати е пречка во добивањето работа.

Невработеноста е еден од најгорливите проблеми со кој се соочуваат хендикепираните лица во земјава, посочуваат од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет–Мобилност Македонија. Статистичките податоци покажуваат дека во државата има околу 1.500 невработени инвалиди. Тие велат дека нивниот хендикеп често пати е пречка во добивањето работа.

Јас барав работа две-три години. Никако не можев да најдам работа како инвалид. Среќа што како планинар ме познаваа колегите на Пелистер, знаеја дека иако сум инвалид и со една рака, сепак сум трудољубиов. Така добив работа во планинарскиот дом „Копанки“.

„Јас барав работа две-три години. Никако не можев да најдам работа како инвалид. Среќа што како планинар ме познаваа колегите на Пелистер, знаеја дека иако сум инвалид и со една рака, сепак сум трудољубиов. Така добив работа во планинарскиот дом „Копанки“. Таму останав до крајот на мојот работен стаж“, вели Мирко Костовски од Битола.

Мирко Костовски.

Мирко Костовски.

Претседателот на „Мобилност“, Бранимир Јовановски вели дека и во 21 век има бројни пречки за инвалидите да можат да се образуваат, па соодветно на тоа да добиваат и подобри работни места.

Нема таква бројка, нема софтвер. Ниту некој успеал да ги преброи лицата со инвалидност. Иако такво нешто баравме да биде вклучено во листата за попис, пописот не се спроведе до крај. Но, ние се водиме по процентот што го даде Светската здравствена организација дека некаде 10 проценти, а во поново време и 15 проценти од популацијата се соочува со некаков вид на инвалидност.

„Еден од најгорките проблеми на лицата со телесен инвалидитет е вработувањето. Често пати се кажува дека овие лица се невидливи во општеството кога е во прашање вработувањето. Така е пред се заради малата можност за завршување на образование. Архитектонските бариери пред училиштата основни, средни и факултетите се една од пречките за едукација на нашите членови. Второ е конкурентноста на пазарот на трудот, односно работни места на кои ќе можат да се вклучат и работат рамномерно“, вели Јовановски.

Сепак, со новиот Закон за вработување на лица со инвалидитет чие донесување е во процедура значително ќе се унапреди состојбата на овие лица. Законот предвидува во секоја фирма на 35 вработени да се ангажира по едно хендикепирано лице. Во големите компании ќе се вработат до 20 инвалидизирани лица.

Засега не може да се каже колкав процент од инвалидизираните лица се невработени зашто во државата нема статистика колку се хендикепирани.

„Нема таква бројка, нема софтвер. Ниту некој успеал да ги преброи лицата со инвалидност. Иако такво нешто баравме да биде вклучено во листата за попис, пописот не се спроведе до крај. Но, ние се водиме по процентот што го даде Светската здравствена организација дека некаде 10 проценти, а во поново време и 15 проценти од популацијата се соочува со некаков вид на инвалидност“, истакна Јовановски.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG