Достапни линкови

logo-print

Израел ги шпионирал нуклеарните преговори со Иран?


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека нема да ги коментира наводите дека Израел ги шпионирал преговорите зад затворена врата околу иранската нуклеарна програма. Обама додаде дека на преговорите ќе биде постигнат договор само доколку Вашингтон биде уверен дека тој ќе го спречи Иран да развива нуклеарно оружје. Весникот „Вол стрит џурнал“ објави дека Израел искористил информации од преговорите за да изгради случај против новиот договор кој бил на повидок. Претходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху имаше контроверзно обраќање пред двата дома на американскиот Конгрес при што се изјасни против евентуалниот договор со Иран.

XS
SM
MD
LG