Достапни линкови

Обама: забавување на американското повлекување од Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите држави ќе го забават военото повлекување од Авганистан и ќе го задржат сегашниот број војници, околу 9 илјади и 800, до крајот на годинава. Обама ова го соопшти по состанокот во Вашингтон со авганистанскиот претседател Ашраф Гани. Соединетите држави планираа до крајот на оваа година да го намалат бројот на војниците на 5 ипол илјади. Гани побара забавување на американското повлекување поради продолжувањето на борбите на авганистанските сили со исламските бунтовници, односно талибанците и припадниците на ал Каеда. Гани денеска ќе има обраќање пред двата дома на Конгресот.

XS
SM
MD
LG