Достапни линкови

Трагедијата на авионот на Германвингс, несреќен случај


Тимовите за санација денеска ја продолжуваат работата на местото каде што вчера се урна авион на Германвингс при што загинаа сите 150 патници и членови на екипажот. Ербас А320 летал од Барселона до Диселдорф кога се урнал во француските Алпи на околу 100 километри северно од Ница. Една од црните кутии на авионот била пронајдена, но не е прецизирано дали станува збор за онаа што ги бележи податоците за летот или што ги снима разговорите во кабината. Местото на падот денеска ќе го посетат германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и шпанскиот премиер Маријано Рахој. Се верува дека во авионот имало 67 германски и 45 шпански патници. Белата куќа соопшти дека падот на авионот по се изгледа не бил предизвикан од терористички напад. Луфтханза во чија сопственост е Германвингс соопшти дека трагедијата била несреќен случај.

XS
SM
MD
LG