Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: врнежливо


Во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, особено претпладнето. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и источните делови повремено засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од шест до 10 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет особено во претпладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

XS
SM
MD
LG