Достапни линкови

ЕУ воведе награда за истражувачко новинарство


Наградниот фонд за секоја земја во 2015 изнесува 10 илјади евра. Ќе бидат наградени најмногу три најдобри стории. Индивидуалните награди ќе се движат меѓу 3 илјади и 5 илјади евра, изјави Билјана Петковска од МИМ.

Директоратот за проширување на ЕУ воведе награда за истражувачко новинарство која ќе се доделува еднаш годишно во земјите од Западен Балкан и од Турција. Оваа наградата е воспоставена во согласност со стратегијата за проширување на ЕУ и ја идентификува потребата од обезбедување слобода на изразување во медиумите и потребата за поддршка на истражувачкото новинарство при следење на реформите како и за одбележување на пристапувањето кон ЕУ. Ова беше кажано на денешната прес-конференција во ЕУ инфо центарот на која беше промовиран конкурсот за најдобрата истражувачка сторија кај нас.

Доколку во изминатата 2014 како новинари сте истражувале на теми во врска со транспарентност на институции, корупција, непочитување на човековите права, организиран криминал во земјата, да се пријавите. Право на учество имаат новинари кои работат во медиумите во Република Македонија.

Македонскиот институт за медиуми е член на регионалното партнерство во граѓанските организации што ја администрира наградата и го распишува конкурсот за најдобри стории во Македонија.

Наградниот фонд за секоја земја во 2015 изнесува 10 илјади евра. Ќе бидат наградени најмногу три најдобри стории. Индивидуалните награди ќе се движат меѓу 3 илјади и 5 илјади евра, изјави Билјана Петковска од МИМ.

„Доколку во изминатата 2014 како новинари сте истражувале на теми во врска со транспарентност на институции, корупција, непочитување на човековите права, организиран криминал во земјата, да се пријавите. Право на учество имаат новинари кои работат во медиумите во Република Македонија.“

Во соработка со Фондацијата Гардијан од победниците на конкурсот во сите седум земји ќе се избира и најдобра истражувачка сторија во регионот. Победникот ќе биде поканет на студиска посета на редакцијата на Гардијан. Крајниот рок за поднесувањето на апликацијата е 23 април оваа година.

Наградата ќе се доделува еднаш годишно во земјите од Западен Балкан и Турција во период од три години односно во 2015, 2016 и 2017.

Роберт Лидал од Делегацијата на ЕУ кажа дека наградата има за цел да ја подобри видливоста на квалитетот на истражувачкото новинарство во земјите од Западен Балкан и Турција и оцени дека тоа е тешка, но и наградувачка задача во однос на резултатите кои може да произлезат од тие текстови.

„Сите имаат придобивка од тоа, без разлика дали се работи за читателите, новинарите, дури и владите.“

Наградата ја администрира регионалното партнерство на граѓански организации координирани од Мировниот институт во Љубљана, што беше избран оваа година од ЕК, а Европската комисија ќе го надгледува секој важен чекор во наградниот процес.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG