Достапни линкови

Русија не успеа да ја промени политиката на ОН за истополовите бракови


Пропадна предложената мерка на руската делегација во Обединетите нации, која требаше да им ги одземе бенефициите на сопружниците од ист пол. Рускиот обид да ја укине политиката на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, беше отфрлена од страна на Генералното собрание. Бан Ки-мун во јуни ја промени политиката на ОН и прогласи дека организацијата треба да ги признае истополовите бракови, доколку во нивните земји тоа е легално. Руската делегација и нејзините сојузници се обидоа да ја вратат старата политика.

XS
SM
MD
LG