Достапни линкови

Соработка на Ирак и Сирија против милитантите на ИД


Ирачкиот министер за надворешни работи Ибрахим ал-Џафари, се сретна со сирискиот претседател Башар ал-Асад и министерот за надворешни работи Валид Муалем за време на посетата во Дамаск. Сириската државна телевизија извести дека двајцата министри разговарале за борбата против тероризмот и за заедничките опасности кои им се закануваат на двете земји. Дамаск ја објави својата подготвеност да се координираат со Багдад со цел да се соочат со заканите од групата на Исламската држава, која контролира големи делови од Сирија и Ирак. Коалицијата предводена од САД изврши воздушни напади врз цели на Исламската држава во двете држави и обезбеди обука и опрема за ирачките сили. Тие моментално се борат да ја повратат контролата во градот Тикрит, кој во јуни минатата година беше преземен од борците на ИД.

XS
SM
MD
LG