Достапни линкови

Ербас на Герман-вингс со 148 луѓе се урна во Алпите во Франција


Ербас А320.
Ербас А320.

Причините за несреќата се уште не се познати, а поради околностите, француските власти стравуваат дека нема преживеани.

Патничкиот авион Ербас А320, на компанијата Герман-вингс, денеска се урна во Алпите во јужна Франција. Официјалните лица стравуваат дека се загинати сите 142 патници и 6-мина членови на екипажот. Француската полиција и германски официјални лица велат дека Ербасот летал на релација од Барселона до Диселдорф, кога се урнал во планините.

Имаше 148 луѓе во авионот, а условите на несреќата кои се уште не се разјаснети, не наведуваат да размислуваме дека нема преживеани. Франсоа Оланд, претседател на Франција.

Значителен број од патниците биле Германци, а авионот се урнал во зона каде пристапот е тежок. Поради тоа и на спасувачките екипи ќе им треба време за пристап до местото на несреќата.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека остатоците се наоѓаат на две илјади метри надморска височина.

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека властите се уште не знаат што ја предизвикало несреќата, која нејаверојатно е најсмртоносната во Европа откако авионот на Малезија ерлајнс во јули минатата година се урна во Украина и кога загинаа 298 луѓе.

„Секако дека не ги знаеме причините за несреќата. Очигледно стравуваме дека 142 до 150 патници и екипажот во авионот се загинати со оглед на условите на несреќата“, изјави Валс.

XS
SM
MD
LG