Достапни линкови

Јемен бара меѓународна интервенција во земјата


Шефот на јеменската дипломатија Ријад Јасин побара од земјите во Персискиот залив да интервенираат за да го спречат напредувањето на Хути бунтовниците. Тој исто така додаде дека Обединетите нации би требало да воспостават зона на забранети летови над Јемен. Јеменскиот претседател Абд Рабу Мансур Хади кој е подржан од арапските земји е во конфликт со бунтовничките шиитски Хути кои се поддржани од Иран. Тие во минатиот септември го освоија главниот град Сана. Саудискиот министер за надворешни работи Сауд ал Фејсал предупреди дека Иран се обидува да предизвика граѓанска војна во Јемен.

XS
SM
MD
LG