Достапни линкови

Нетанјаху им се извини на Арапите за неговите изјави


Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху се извини за изјавата дека масовното излегување на израелските арапи на изборите на 17 март, на кои тој победи, претставувало „опасност“. „Знам дека моите изјави во минатата недела навредија одредени израелски граѓани и припадници на арапите во Израел. Тоа не ми беше намерата и затоа им се извинувам“, рече Нетанјаху кој на денот на изборите изјави дека левичарските партии со автобуси ги носеле арапските избирачи на местата на гласање за да ја победат неговата десничарска партија Ликуд. Американскиот претседател Барак Обама ваквите изјави на Нетанјаху ги оцени за спротивни со израелската традиција.

XS
SM
MD
LG