Достапни линкови

Ципрас и Меркел за надминување на стереотипите


Германскиот канцелар Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис Ципрас се заложија за надминување на стереотипите што го подрива дијалогот меѓу двете земји, особено во поглед на финансиската криза во Грција. „Ниту Грците се мрзеливи, ниту пак Германците се виновни за сите проблеми и за ситуацијата во Грција. Мораме напорно да работиме за да ги надминеме тие страшни стереотипи“, изјави Ципрас за време на неговата официјална посета на Берлин. Со тоа се согласи и Меркел која наведе дека сака соработка во духот не меѓусебна доверба.

XS
SM
MD
LG