Достапни линкови

logo-print

Партијата на Јанукович потврди дека загинал неговиот помлад син


Украинската политичка партија која порано беше предводена од Виктор Јанукович ја потврди смртта на помладиот син на соборениот претседател. Во денешното соопштение на партијата, се вели дека животот на синот на Јанукович на 20 март трагично згаснал. „Смртта не обврзува да заборавиме на политика“, се вели во соопштението. Оттаму не кажаа кои се причините за смртта на 33-годишниот Јанукович. Медиумските извештаи и некои од украинските пратеници рекоа дека наводно при возење паднал низ мраз во Бајкалското езеро во Русија. Пратеникот Антон Херашченко на Фејсбук напиша дека неговиот автомобил потонал во езерото откако се навалил кон страната на возачот.

XS
SM
MD
LG