Достапни линкови

logo-print

Украински офицер осуден за шпионажа


Офицер на украинските воздухопловни сили е осуден на 12 години затворска казна за шпионажа за Русија. Судот во југоисточниот град Запорожје, денеска го осуди офицерот за велепредавство и извршување шпионажа за Русија. Името на офицерот не беше откриено. Тој е роден 1983 година и бил уапсен во септември, бидејќи наводно се обидувал да прати класифицирани информации до руската Федерална служба за безбедност. Инспекторите велат дека тој собирал информации поврзани со операциите на украинските воздухопловни сили.

XS
SM
MD
LG