Достапни линкови

logo-print

Сè помал буџет за Армијата, сè подалеку од НАТО


Во 2008-та Министерството за одбрана имаше амбициозен буџет, додека сега тој е прополовен. Експертите во тоа гледаат незаинтересираност на државата за интегрирање во НАТО. Зорана Гаџовска Спасовска.

Намалениот буџет за Министерството за одбрана влијае негативно врз НАТО интеграциите и остава впечаток дека земјава е незаинтересирана за интегрирањето во Алијансата, велат аналитичарите.

А во однос на нашата армија со апсирација да бидеме членка на НАТО, мора да го подобриме буџетот затоа што со тоа се детерминира после и квалитетот на одбраната.

Со тоа што се одвојува помалку пари за оддржување на темпото на реформирање на војската според стандардите на Алијансата се прави голема грешка, вели претседателот на Евро-Атлански совет на Македонија Исмет Рамадани. Тој објаснува дека од амбициозниот буџет за Армијата во 2008-та година, сега тој е преполовен и не соодветствува со насоките од последниот самит на НАТО.

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО генерал Кнуд Бартелс во официјална посета на АРМ .

Претседавачот на Воениот комитет на НАТО генерал Кнуд Бартелс во официјална посета на АРМ .

„Сега ние го преполовивме овие години, тоа е мал буџет за нашата Армија, тој процент веќе не ни го прифаќа ниту НАТО, затоа што на последниот самит во Велс, меѓу другото имаше и една одлука, односно барање, тие земји кои што го намалија буџет за нивните армии под 2 проценти, пак да се достигне стандардниот процент кој изнесува 2 отсто. А во однос на нашата армија со апсирација да бидеме членка на НАТО, мора да го подобриме буџетот затоа што со тоа се детерминира после и квалитетот на одбраната.“

Оваа влада го смали осетно буџетот на Армијата за да го пренасочи во Министерството за внатрешни работи и при тоа 97 отсто од парите одат за плати, за одредени преживувања, било за плати на мандатните сили што се во Авганистан, било за елементи кои се само обично преживување на македонската Армија.

Буџетот на Министерство за одбрана во континуирано паѓа. Од 2008-мата година кога биле предвидени за ова министерство 127 милиони евра, годинава во буџетот за нив се предвидени 35 милиони евра помалку. Во изминативе години со најнизок буџет се справувал Министерот Фатмир Бесими во 2012 година кога со ребалансот во касата за одбраната наместо планираните 100 милиони останале само 89 милиони евра.

табела :

За 2015 година се планирани вкупно 91 915 609 евра

за 2014 година биле предвидени 95 395 837 но со ребаланот буџетот бил скратен на 90 125934

за 2013 биле предвидени 92 409 772 но со ребалансот 92 348 211

за 2012 биле предвидени 100 147 642 додека со ребалансот остамнуваат 89 940 699

Во буџетската програма „Унапредување на безбедноста“, каде главно се одвојуваат пари за Министерството за одбрана и јакнење на безбедноста според НАТО стандардите, парите од година в година се тенчеа и од 13 милиони евра планирани со буџетот за 2008-мата, буџетот за оваа програма се преполови со ребалансот истата година на 7 милиони евра, а во 2010 година се сведе на само 2,2 милиона евра. Минатата година наместо 2,8 милиони евра, колку што беа планирани со буџетот за 2014, со ребалансот тие се намалени на 1,6 милион евра, додека за 2015 планирани се вкупно 1,1 милиони евра за оваа програма.

Поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО Нано Ружин вели Армијата едвај преживува со парите кои ги одвојува Владата и со нив не може ниту да се модернизира ниту да инвестира обнова на оружје, или спроведување на реформи.

„Оваа влада го смали осетно буџетот на Армијата за да го пренасочи во Министерството за внатрешни работи и при тоа 97 отсто од парите одат за плати, за одредени преживувања, било за плати на мандатните сили што се во Авганистан, било за елементи кои се само обично преживување на македонската Армија.“

За лошата економска ситуација на армијата алармираше пред две години и генералот Горанчо Котески.

„Во последните години буџетот во одбраната континуирано се намалува, што директно влијае на стандардот на припадниците на армијата на Македонија и опременоста на Армијата. Сегашните финансиски средства во буџетот се доволни за оддржување на опремата и техниката со која располагаме но не се доволни за модернизација на нашата Армија.“

Ружин додава дека за не само што армијата е останата без пари туку се кратат пари и за воената дипломатија.

„Тие веќе во Брисел ако прашате ќе видите дека имаме еден до двајца претставници во мисијата. Да ве потсетам на времето имавме 4, 5 луѓе од Министерството за одбрана во мисијата во НАТО. Сите тие елементи се многу погубни за позицијата на Македонија, затоа што ние се однесуваме како да не ни е битен приемот на Македонија во НАТО. “

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG