Достапни линкови

Тетовскиот зелен пазар сè помалку нуди овошје и зеленчук


Повеќе облека, железарија и предмети за домаќинство, а сè помалку овошје и зеленчук се нуди на Зелениот пазар во Тетово. Пазарџиите се жалат и на нелојална конкуренција од диви продавачи.

Продавачите кои нудат овошје и зеленчук на тетовскиот пазар ги има сè помалку. Некои од нив го прекинале изнајмувањето тезги, други се одлучиле да продаваат облека, железарија, предмети за домаќинство. Велат тоа што има нелојална конкуренција им ја уништува работата. Мислат на дивите тезги насекаде низ градот, а пред сè на блиските улици кои водат до пазарот, како и на оние кои продаваат овошје и зеленчук на големо од камиони.

Давачките секој си ги знае, кој плаќа, кој не плаќа. Зборот ми е треба сите да платиме, а надвор тие што седат 80 посто никој ништо не плаќа, а робата ја продаваат поевтино од нас.

„Овде се појавија текстил, железарија, тоа не било, не требало да биде. Плус пазарот си е внатре, а не надвор по улици. Цел град е полн, цела зима плаќаме тезги, плаќаме даноци што треба да плаќаме. Давачките секој си ги знае, кој плаќа, кој не плаќа. Зборот ми е треба сите да платиме, а надвор тие што седат 80 посто никој ништо не плаќа, а робата ја продаваат поевтино од нас“, вели еден од пазарџиите.

„Секој прави слободна трговија. Кој како сака продава. Кај сè продава зеленчук, кај сè продава пример овие сервиси. Секој како ќе му текне работи. Сака со патлиџан, сака со кикирики. Сега имаат маркетите сите со ред овошје и зеленчук. Ете тоа е работата. Затоа нема на пазар работа“, вели друг продавач.

Не можеше инспекцијата да ги ориентира сите на едно место. Годинава нема да има такви пропусти. Никаква толеранција ќе нема, сите ќе мора да идат таму.

Џевдет Бафќари, кој раководи со работната единица Пазаришта при комуналното претријатие, вели дека добил ветување од општината околу сузбивањето на продавањето од диви тезги. Пред една година беше отворен пазар на големо каде предвидено беше да продаваат оние кои тоа го правеле од импровизирани тезги. Во текот на 2014 тоа не било постигнато, но од социјален аспект им било дозволено уште некое време да продаваат на истите места.

„Не можеше инспекцијата да ги ориентира сите на едно место. Годинава нема да има такви пропусти. Никаква толеранција ќе нема, сите ќе мора да идат таму. Тие што продаваат на големо, дивите продавачи околу пазарот и по целиот град“, изјави Бафќари.

Пазарот на големо што има три илјади метри квадртани ќе може да се користи преку дневни и месечни резервации. Се разгледува можноста и за 24 часовно работење.

XS
SM
MD
LG