Достапни линкови

Во Одеса напад врз организација што им помага на украинските војници


Полицијата во Одеса соопшти дека рачно изработена бомба експлодирала во близина на станбена зграда во украинскиот пристанишен град. Властите ја третираат експлизијата како терористички акт, последна во серијата експлозии во Одеса и во источниот град Харков. Полицијата вели дека нема повредени, но дека се оштетени канцелариите на организација „Падаигма“, која им помага на хендикепирани лица и која во последно време им помага на повредените украински војници во конфликтот против проруските сепаратисти. Украинските власти обвинуваат дека експлозиите се насочени кон организациите кои им помагаат на војниците кои се борат во источна Украина.

XS
SM
MD
LG