Достапни линкови

logo-print

Демонстранти во Кабул бараат истрага за убиената жена


Стотици луѓе се собраа во главниот град на Авганистан барајќи правда за жената која беше убиена од толпа луѓе, бидејќи наводно запалила копија од куранот. 27-годишната Фархунда на 19 март беше пртетепана до смрт од страна на толпа луѓе пред џамија во Кабул. Нејзиното тело беше запалено и фрлено во реката Кабул. Полицијата соопшти дека нема докази кои ги поддржуваат обвинувањата на толпата дека го запалила куранот. Демонстрантирте го блокираа патот пред џамијата и маршираа од местото каде започнал нападот врз жената, до местот каде било фрлено запаленото тело. Власите уапсиле 13 луѓе поврзани со убиството и суспендирале 13 полициајци кои биле на местото на настанот и не направиле ништо да го спречат нападаот. Претседателот Ашрав Гани го осуди убиството и нареди да се спроведе истрага.

XS
SM
MD
LG