Достапни линкови

logo-print

Избори како тест за иднината на Молдавија


Гласачите во Гагаузија, автономна територија во Молдавија гласаа за нов гувернер на регионот чии врски со Русија се многу силни. Централната изборна комисија соопшти дека на изборите победила пратеничката во молдавскиот парламент Ирина Влах која е за поблиски односи со Москва. На изборите гласале 63 илјади од 105 илјади регистрирани граѓани со право на глас.Гагаузија која е населена главно со етнички Турци со христијанска вероисповед има економска автономија, но полицијата, училиштата и судовите се молдавски. Во минатата година во Гагаузија беше одржан референдум против влегувањето на Молдавија во Европската унија.

XS
SM
MD
LG