Достапни линкови

Иран одбива соработка со САД


Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи ја отфрли можноста за каква било соработка со САД на Блискиот Исток. Во својот говор по повод одбележувањето на Персиската Нова Година, Хамнеи рече: "Преговорите со САД се за нуклеарното прашање и ништо друго." Обраќајќи се пред во североисточниот град Машхад, тој го обвини Вашингтон за создавање на нестабилност во Сирија, Либија и Египет.

"Целите на Соединетите Држави на регионалните прашања се спротивни на нашите цели", рече тој. Хамнеи, исто така, го обвини Вашингтон за користење на економски притисок да се обиде да го сврти на иранскиот народ против Исламската Република. Говорот доаѓа откако Иран, САД и пет други светски сили преговараат за договор за намалување на нуклеарната програма на Техеран. Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма е само за мирољубиви цели, но западните земји стравуваат дека тоа би можело да биде покритие за производство на нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG