Достапни линкови

Средба меѓу шефовите на германската и грчката дипломатија


Седум недели по нивната последна средба во Берлин вечерва ќе се оддржи нова средна на министерот за надворешни работи на Германија Франк Валтер Штајнмаер и неговиот грчки колега Никос Коѕиас.Според германското сојузно Министерство за надворешни работи двајцата шефови на дипломатии ќе зборуваат за можноста и во иднина да се заддржат традиционално пријателските и конструктивни односи меѓу двете земји. За време на нивниот последен состанок на почетокот на февруари годинава една од централните теми на разговорите било прашањето за името. Според дел од грчките медиуми, ова прашање прв го поставил грчкиот миннистер кој побарал Берлин да изврши притисок врз Македонија за побрзо затварање на спорот, а според весникот „Катимерини“, Штајнмаер побарал одговор од грчкиот колега зошто досега не е најдено решение во спорот меѓу двете земји. Средбата Штајнмаер - Коѕиас се оддржува еден ден пред првата посета на новиот грчки премиер Ципрас на Берлин, што се случува по покана на канцеларката Меркел.

XS
SM
MD
LG