Достапни линкови

logo-print

Можен нов договор за дотур на руски гас во Украина


Претставници од Русија, Украина и Европската унија одржаа разговори во Брисел за снабдувањето со гас. Руските и украинските министри за енергија, Александар Новак и Володимир Демшишин, се сретнаа заедно со комесарот за енергија Марош Сефчович да разговараат за можен нов договор за дотур на руски гас за Украина. "Зимскиот пакет" договор, потпишан од страна на Русија, Украина и ЕУ во октомври 2014 година, истекува на крајот на март. Демшишин изјави дека Киев и Москва одлучле да работат на нацрт договор подготвен за потпишување на нивниот следен состанок во средината на април. Тој исто така рече дека Киев не гледа потреба да купи руски гас следниот месец. Новак изјави дека Москва ќе ја разгледа можноста за попуст за испораките на гас за Украина во вториот квартал. Европската комисија пак соопшти дека ќе ги разгледа најдобрите напори да и помогне на Украина за наоѓање на соодветна финансиска поддршка за купување на гас", бидејќи земјата треба да ги пополни своитескладишта со гас до 20 милијарди кубни метри во текот на летните месеци.

XS
SM
MD
LG