Достапни линкови

logo-print

Дачиќ: Србија е воено неутрална и ниту чекор поблиску кон НАТО


Србија е воено неутрална држава и не е поблиску ниту еден чекор кон членство во НАТО, изјави денеска заменикот премиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

- Србија е воено неутрална и нема намера да стане членка на НАТО, но постојат заеднички интереси за градење мир во регионот во соработка со НАТО, изјави Дачиќ коментирајќи го Индивидуалниот план за партнерство меѓу Србија и НАТО.

Според него планот претставува највисоко ниво на соработка со НАТО на една држава што не е членка на Алијансата и таков договор со НАТО се потпишува на две години. Дачиќ истакна дека цел на Србија е да гради партнерски односи со сите, нагласувајќи дека земјата има ист статус на набљудувач и во Организацијата за колективна безбеднсот и соработка, предводена од Русија.

XS
SM
MD
LG