Достапни линкови

Шиитски бунтовници го зазедоа стратешкиот град Таиз


Шиитските бунтовници Хути и приврзаниците на поранешниот јеменски претседател Алија Абдула Салех го заземаа аеродромот и делови од градот Таиз, соопштија јеменски воени и безбедносни извори. Заземањето на овој трет по големина град во оваа држава следува ден откако бунтовниците повикаа на општа мобилизација проти силите кои се лојални на актуелниот претседател Мансур Хаџи. Во Јемен продолжува да расте насилството помеѓу спротиставените вооружени групи, вклучувајќи ги борците на Ал Каеда и Исламската држава. Соединетите Држави вчера ги повлекоа своите трупи од земјата како и својот дипломатски персонал поради влошување на безбедносната ситуација. Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи итен состанок посветен на безбдносната ситуација во Јемен.

XS
SM
MD
LG