Достапни линкови

Демонстрации во Тбилиси за оставка на Владата


Десетици илјади луѓе се собраа во главниот град на Грузија, Тбилиси, барајќи владата да се повлече. Вчерашните демонстрации беа организирани од Обединетото национално движење на поранешниот претседател Михаил Саакашвили.Во своето обраќање на митингот преку видео линк, Саакашвили рече: "Ние сме обединети во нашите поделени задачи да ја ослободиме Грузија од владата која ја уништува нашата земја." Пратеникот Ѓорги Габашвили изјави дека слични протести ќе се одржат низ цела Грузија во наредните денови. Обединетото национално движење ја обвинува владејачката коалициска влада за злоупотреба на економијата на земјата. Падот на речиси 30 отсто на националната валута во текот на изминатата година, растечката инфлација и невработеност погоди многу Грузијци. Голем број поранешни високи функционери во владата на Саакашвили се уапсени во текот на изминатите две години за наводните малверзации. Обвинет за злоупотреба на власта, Саакашвили живее во самонаметнат егзил и сега е советник на претседателот на Украина.

XS
SM
MD
LG