Достапни линкови

Над 80 милитанти убиени во Пакистан


Официјални лица сооштуваат дека пакистанските војници убиле 80 милитанти во една недела од воздушни напади и копнена офанзива во немирниот северозападен близина на границата со Авганистан. Воените официјални лица изјавија дека денеска најмалку седум војници загинаа во судирите во Тирах долината на племенската област Кибер.Шефот на армиското крило, АсимБајва, на својот профил на Твитер наиша : "Во Кибер, терористите се исфрлени од базите, досега 80 терористи загинаа, во бегство, а околу 100 се повредени во оваа фаза.". Сепак бројките не може да бидат официјално потврдени. Пакистанските талибанци, и сојузничката група Лашкар-е-Ислам имаат силно присуство во областа. Портпаролот на Талибанците изјави дека имало тешки борби во Кибер во последните три дена.

XS
SM
MD
LG