Достапни линкови

logo-print

Времето денеска променливо облачно


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини ќе врне снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет и повеќе ќе бидат застапени особено во западните делови од земјава. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, повеќе ќе биде изразен во Повардарието.Утринската температура се движи од минус пет до два, а дневната од 10 до 16 степени.

XS
SM
MD
LG