Достапни линкови

Папата ги повика верниците да и се спротистават на мафијата


Папата Францис кој денеска е во посета на сиромашниот југ на Италија, ги охрабри жителите на Наполи да се спротистават на експлоатацијата на шефовите на мафијата и наместо тоа да побараат достоинствена и чесна работа. Римокатоличкиот поглавар во своето обраќање пред жителите на Скампи, кварт во кој доминира мафијашкиот клан Каморе, оцени дека најголемиот проблем е тоа што луѓето немаат можност да донесат дома леб и да заработат достоинствено. Во Скампи невработеноста на младите е преголема. Многумина завршуваат како курири или изнудувачи на мафијата.Папата исто така ја критикуваше експлоатацијата на легалните работни места, каде што луѓето работат многу, а за мали плати.

XS
SM
MD
LG