Достапни линкови

logo-print

ПЦЕР побара оставка од Владата


Партијата за целосна еманципација на Ромите организираше мирен протестен марш од калето до Владата, каде што лидерот на партијата Самка Ибраимовски објави нови аудиоснимки од т.н. „бомби“, кои се однесуваат на изборите во Шуто Оризари. Ибраимоски изјави дека се потврдува дека имало голем број изборни манипулации во општината Шуто Оризари и особено притисоци врз Ромите и нивно омаловажување како „граѓани од втор ред".

„Ние имаме образ, вие немате бел образ, вие сте од Белизе и лажете дека ќе ја зголемите социјалната помош“, порача Самка Ибраимовски, претседателот на ПЦЕР, кој се пожали и дека им биле правени притисоци на Ромите да не доаѓаат на протестот.Од овој протест немаше директен пренос на интернет.

-Ние сме сиромашна партија, ние не сме ВМРО-ДПМНЕ и затоа немаме стриминг, изјави Ибраимовски. Демонстрантите побараа оставка од премиерот Никола Груевски.

XS
SM
MD
LG