Достапни линкови

Разговори за повлекување на американските војници од Авганистан


Темпото на американскиот воен излез од Авганистан ќе биде меѓу темите на состаноците меѓу американскиот претседател Барак Обама со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и главниот извршен директор, Абдула Абдула следната недела.Тековните планови повикуваат на американско повлекување на 5.500 војници до крајот на оваа година, но Соединетите Држави сугерираат дека може да се задржат повеќе војници во Авганистан следната година.
Џеф Егерс од Советот за национална безбедност на Белата куќа, изјави дека САД се уште имаат намера да ја спроведат својата стратегија за долгорочно повлекување, која се повикува на американската Канцеларија за безбедносна соработка во Кабул со околу 1.000 американски војници до 2016 година. Гани и Абдула ќе отпатуваат во Вашингтон утре, на неколкудневни разговори со високи американски официјални лица. Се очекува да биде разговарано за одбранбените прашања, економската транзиција во Авганистан и разговорите за помирување со Талибанците.

XS
SM
MD
LG