Достапни линкови

logo-print

Оџалан повика на прекин на вооружената борба


Лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан денескa го повтори повикот за завршување на курдската вооружена борба, што е почната уште од 1984 година против турските власти и го прогласи почетокот на „новата ера“ на мир, соопштија француските медиуми. Во пораката, што беше прочитена пред повеќе од 200 000 лица во Дијарбекир, во јуоисточна Турција, Оџалан, кој се наоѓа на издржување на доживотната затворска казна, ја изрази желбата за организирање на конгрес на ПКК „за завршување на вооружената борба“. Оџалан во пораката посочува дека со овој конгрес ќе почне новата ера. „По периодот на борби ние навлегуваме во процес на мир“, се забележува во текстот, цитиран од турската телевизија НТВ.

XS
SM
MD
LG