Достапни линкови

Осуда за договорот меѓу Русија и Јужна Осетија


Германската влада го осуди потпишувањето на договорот на Русија со отцепениот грузиски регион Јужна Осетија. Портпаролот на германската влада Кристијане Вирц изјави дека потпишувањето на договорот е закана за грузискиот суверенитет и територијален интегритет и ја нагласува загриженоста на Тбилиси за "притаена анексија" од Русија. Рускиот претседател Владимир Путин и сепаратистички лидер на Јужна Осетија Леонид Тибилов потпишаа "договор за сојуз и интеграција " во Москва на 18 март. Следниот ден Тибилов изјави деканема да "се обиде да ја спроведе" идејата за приклучување кон Русија во блиска иднина. Шефот за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и САД го осудија потпишувањето на договорот, кој е сличен на оној што Москва ги потпиша во декември со другиот отцепен грузиски регион Абхазија. Могерини рече дека потпишувањето е уште еден чекор од страна на Русија против "тековните напори за зајакнување на безбедноста и стабилноста во регионот.

XS
SM
MD
LG