Достапни линкови

Албанската полиција придведе 81 емигрант


Полицијата во северниот албански град Скадар приведе 81 емигрант од Сирија, Мали, Гана и Хаити. Илегалците патувале со камион во сопственост на албански државјанин а биле откриени во близина на граничниот премин Хан Хоти, на албанско-црногорската граница, при обид илегално да влезат на црногорска територија. На албанска територија, што ја користеле само како транзит, емигрантите влегле од Грција, а целта им била патот да го продолжат за некоја западноевропска земја. Емигрантите се очекува да бидат вратени вонивните матични земји. Чести се случаите на откривање и приведување групи илегални емигранти на албанска територија. Притоа не е мал бројот на тие што бараат азил во Албанија.

XS
SM
MD
LG