Достапни линкови

logo-print

Осуда од ЕУ за Белорусија


Европската унија остро ја критикуваше Белорусија, единствената европска земја која ја применувасмртната казна, казнувајќи човек со смрт. Во својата изјава издадена на 19 март, ЕУ соопшти дека судот во југоисточниот град Хомел го осудил Сархиј Иваноу на смрт претходниот ден. Иваноуе обвинет за убиство и силување. ЕУ изрази "најдлабоко сочувство за жртвите на овие злосторства". Сепак, Унијата се противи на смртната казна во сите случаи како што не може да се оправда под никакви околности. Смртната казна е сурова и нечовечка казна, која не успева да дејствува како кочница и претставува неприфатливо одбивање на човековото достоинство и интегритет" соопшти ЕУ. Унијата додава дека правото на жалба на Иваноу мора да биде целосно загарантирано.Последното пријавено екзекутирање на осудено лице се одржа во април 2014 година за човекот, кој беше осуден за убиство на неговата сопруга и нејзиниот љубовник. Тој беше убиен пред да биде разгледувана неговата жалба пред Комитетот на ОН за човекови права.

XS
SM
MD
LG