Достапни линкови

Прекинати разговорите за иранската нуклеарна програма


Иран и шестте светски сили ги прекинаа еднонеделените преговори во Швајцарија, за спречување на нуклеарната програма на Техеран. Иранската делегација се состана во Лозана со официјални лица од Соединетите Држави, Велика Британија, Франција, Германија, Кина и Русија кои сакаат да се склучи договор за ограничување на нуклеарната програма на Техеран во замена за ослободување од економски санкции. Рамковниот договор треба да заврши до 31 март а целосниот на 30 јуни. Вчера беше објавено дека иранската делегација се враќа во Техеран на погребот на мајката на претседателот Хасан Рохани или за да се одбележи персисиката Нова Година. Американскиот државен секретар Џон Кери денеска патува во Лондон за да се сретне со неговите британски, француски и германски колеги и да дискутираат за напредокот во преговорите со Иран. Кери изјави дека "голем напредок" е направен за време на разговорите, додавајќи дека тие ќе продолжат следната недела во Лозана. Иранскиот министер за надворешни работи Арачи Абас изјави дека разговорите ќе продолжат на 25 март, а министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека "нема причина" за да се објави дека договорот е при крај.

XS
SM
MD
LG