Достапни линкови

На пладне протест на Ангелов пред МРТВ


Стојанче Ангелов, претседател на политичката партија Достоинство, за денес во 12 часот најавува масовен протест пред зградата на МРТВ, кој е продолжение на повеќето протести кои се случија деновиве од 19 часот, и кои завршуваа пред Обвинителството. Тој за денеска најави ненасилно влегување во МРТВ и пуштање на снимките кои телевизијата досега не ги емитувала. Инаку, Ангелов вчера испрати последен повик до државниот јавен обвинител Марко Зврлевски да се изјасни околу соопштението кое уредникот на МРТ, Горан Петрески, го користи како изговор, дека наводно било забрана за објавување на снимките од „бомбите“ на опозицијата. Како што во повеќе наврати истакна Ангелов, соопштението е нејасно и во него не е наведен закон и член од закон според кој се забранува објавувањето. Тој, исто така, упати последен повик до МРТВ, синоќа во вестите да објави подолг прилог со клучните делови од досегашните снимки. Ниту имаше одговор од Обвинителството, ниту пак МРТВ пушти некоја од снимките, па Ангелов од синоќешниот протест го најави ненасилниот упад.

XS
SM
MD
LG