Достапни линкови

Најмалку 137 мртви во бомбашките напади во Јемен


Најмалку 137 луѓе, наводно, биле убиени во самоубиствени бомбашки напади во две шиитски џамии во Јемен.Телевизиска мрежа предводена од шиитските бунтовници во Јемен објави дека 345 се повредени во нападите од 20 март во главниот град Сана.
Десетици повредени беа пријавени дека се во критична состојба.
Според извештаите,експлозија на бомба во џамија во јужниот дел на Бедр Сана била проследена со уште една на портата како што верниците бегале, додека друг самоубиец бомбаш се разнел во џамија во северниот дел на Сана.Двете џамии биле познати дека се посетуваат од страна на шиитските бунтовници кои ја презедоа контролата во многу делови на Сана минатата година. Група која тврди декае гранка на Исламската држававо Јемен екстремистичка група соопшти дека стои зад бомбашките напади.

XS
SM
MD
LG