Достапни линкови

logo-print

Оџалан со порака за мирно надминување на курдскиот конфликт


Лидерот на Курдската работничка партија Абдула Оџалан се очекува денеска во пораката по повод курдската Нова Година -„Невруз“да го претстави „патоказот“ за решавање на курдскиот конфликт во Турција, соопштуваат француските медиуми. Пораката на Оџалан, кој во затворот на островот Имрали издржува доживотна затворска казна, ќе биде прочитана пред стотици илјади луѓе, кои се очекува да присуствуваат на славњето на „Невруз“ во Дијарбекир - центарот на југоисточна Анадолија, кој доминантно е населен со Курди. Се очекува пораката да соддржи предлози за конкретни мерки за давање поттик на преговорите, почнати уште есента 2012 година меѓу турската Влада и лидерот на ПКК, кои имаат за цел да заврши курдската вооружена борба.

XS
SM
MD
LG