Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун ги осуди нападите во Сирија


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун остро го осуди нападот на бомбаш-самоубиец во кој загинаа десетици лица кои ја прославуваа Персиската Нова Година,во североисточна Сирија. На прославата во градот Хасахек присуствуваа главно Курди.
"Овие грозоморнинападите се случија за време на празник на кој е вообичаено време за курдските заедници да се здружат за да ги споделат нивните надежи за новата година", рече Бан во изјавата. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека 33 лица, меѓу кои и деца, загинаа во две одделни експлозии и околу 100 други беа повредени. Неколку милитантни групи во моментот дејствуваат во североисточна Сирија, каде што исто така е и Исламската држава,милитантна група со упориште во градот Рака. Борбите меѓу исламските милитанти и курдските сили траат веќе неколку месеци таму.

XS
SM
MD
LG