Достапни линкови

Грција усвои закон за враќање на долговите кон државата


Грчкиот Парламент со огромно мнозинство гласови од пратениците, го усвои законот што на Грците им го олеснува уредувањето на обврските кон државата и фондовите за социјално осигурување, кои во вкупни износи надминуваат неколку десетици милијарди евра, пренесоа француските медиуми. Законот беше поддржан од пратениците на владеачката Сириза и од нејзините партнери во Владата, како и од опозицијата, соопшти грчката агенција АНА МПА. Законот на должниците, вклучително и фирмите што заради рецесијата немале можност да си ги платат даноците или осигурувањата, сега им дозволува на 100 рати да ги исплатат своите долгови кон државата, без да им се пресметува камата.

XS
SM
MD
LG