Достапни линкови

Зборовите кои болат повеќе од прачки и камења


Димитар Ванчов, МОФ.

Димитар Ванчов, МОФ.

Говорот на омраза е значајно застапен во општеството и училиштата, зборовите можат да ескалираат во нетрпеливост и криминал, пишува Димитар Ванчов во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Имам либералистички погледи кон светот и мислам дека кога зборуваме за слобода на говор не треба да имаме ограничувања. Слободата на говор е од неминовно значење за функционирање на едно здраво општество, во кое секој би можел да си каже што мисли и сака. Но, тоа да биде сепак до степен на сатира и слободата на говор престанува да биде тоа кога доаѓа до степен на омраза.

Свесни сме колку во нашава мала „државичка“ се користи говорот на омраза, како „новинари“ коишто имаат длабока наклонетост кон владејачката партија, пцујат, ругаат сè живо и диво. Голем аплауз за мисијата на ОБСЕ во Скопје којашто одлучи да не соработува со медиуми којшто ги пренесуваат говорите на омраза на тие новинари кои упорно го прават тоа на социјалните мрежи. Сепак сме 21 век, нели?

Сметам дека дебатата, аргументирано зборување и критиката се потребни за едно здраво општество, но најчесто говорот на омраза го сретнуваме во облик каде ги поминал сите граници на толеранција и може да пројде во нетрпеливост, нетолеранција, дискриминација и крај во криминал сторен од омраза.

Свесни сме колку во нашава мала „државичка“ се користи говорот на омраза, како „новинари“ коишто имаат длабока наклонетост кон владејачката партија, пцујат, ругаат сè живо и диво. Голем аплауз за мисијата на ОБСЕ во Скопје којашто одлучи да не соработува со медиуми којшто ги пренесуваат говорите на омраза на тие новинари кои упорно го прават тоа на социјалните мрежи. Сепак сме 21 век, нели?

Да беше жив Буда би се згрозил од ситуацијата во која се наоѓаме. Сигурно малце ќе му беше цела книга да искаже став за случувањата во оваа држава, а не па 140 карактери на Твитер.

Големо внимание ми привлекоа настаните околу Средношколскиот пленум, кои полека ескалираат и кој знае до сè каде ќе стигнат. Најпрво ги обвинија дека земале 10 илјади денари за да организираат протест. Добро, ајде ќе кажеме дека ова е клевета, а не говор на омраза, но кога осамнаа плакати дека учениците од Средношколскиот пленум се експериментални глувчиња на Сорос и дека се наклоните кон политика на опозициската партија, тоа отиде во сосема поинаква насока.

Тоа не смее да остане така!!!

Треба да се гонат и казнат луѓето кои се одлучиле на вакви чекори да шират ваков говор на омраза против деца коишто сè уште немаат 18 години и не знаат како да си ги заштитат своите права. Дали се свесни дека тоа може да им нанесе психолошка болка како намалено достоинство, страв и немир, од коишто ќе имаат трајни последици.

Ги охрабрувам родителите и оштетените ученици и сите други луѓе коишто се жртви на говор на омраза да се обратат до Народниот правобранител каде што е формирано и посебно одделение за заштита на правата на децата, кое е одговорно лице при заштита на детските права и обезбедува заштита на истите.

Се изборивме да живееме во едно општество кое е демократско, со загарантирани права за протест, собир, здружување, говор. Но, како се случуваат настаните, сè повеќе и повеќе го губиме тоа и стануваме општество на „наши“ и „ваши“, на „овој е од нашите/вашите па ајде сега да му го згрозиме животот бидејќи има различен став од нашиот“.

Ги охрабрувам родителите и оштетените ученици и сите други луѓе коишто се жртви на говор на омраза да се обратат до Народниот правобранител каде што е формирано и посебно одделение за заштита на правата на децата, кое е одговорно лице при заштита на детските права и обезбедува заштита на истите. Особено правата на децата од областа на образованието што се остварува во основните училишта и во средните јавни училишта во Македонија и тоа во поглед на нивното вклучување во образовниот систем на секого под еднакви услови и во поглед на нивниот третман во училиштата. Исто така да се обратат до полицијата и обвинителството со цел да се гонат и казнат сторителите на делото и да не заборават дека институциите се ДОЛЖНИ да реагираат доколку одредено право е загрозено.

За крај ќе го цитирам рабинот Џошуа Хешел, кој заедно со Мартин Лутер Кинг Јуниор маршираше за граѓанските права во Селма и ве оставам со вашите мисли:

Кога бев мал, се восхитував на интелигентни луѓе, но како пораснав, се восхитувам на љубезните, добрите и културни луѓе.

XS
SM
MD
LG