Достапни линкови

Иран и шесте светски сили привремено ги прекинаа преговорите


Иран и шесте сили ги прекинаа еднонеделните преговори во Швајцарија за спречување на нуклеарната програма на Техеран. Иранската делегација во Лозана се сретна со официјални претставници на САД, Британија, Франција, Германија, Кина и Русија, барајќи договор за ограничување на нуклеарната програма на Иран, во замена за ослободување од економските санкции. Страните се обидуваат да постават рамка за договор до 31 март и целосен договор до 30 јуни. Денешните извештаи велат дека иранската делегација се враќа во Техеран за погребот на мајката на претседателот Хасан Рохани и за да ја одбележат Персиската Нова година. Државниот секретар на САД, Џон Кери ќе патува во Лондон да се сретне со своите британски, француски и германски колеги, да дискутираат за напредокот во преговорите со Иран. Иранскиот заменик министер за надворешни работи рече дека разговорите ќе продолжат на 25 март.

XS
SM
MD
LG