Достапни линкови

СДСМ поднесе кривични пријави за изборни нерегуларности, ВМРО-ДПМНЕ ги смета за неосновани


СДСМ денеска до Јавното обвинителство поднесе 21 кривична пријава против повеќе од 17 лица за кривични дела против изборниот процес. Заменик претседателката на партијата Радмила Шекеринска изјави дека кривичните пријави опфаќаат злоупотреба на службена положба, злоупотреба на лични податоци, предизвикување општа опасност, фалсификување исправи, противзаконско посредување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата за определување за време на изборите, повреда на тајноста на гласањето и злоупотреба на средства за финансирање на изборната кампања.

Таа додаде дека не веруваат во објективноста на правосудниот систем, но оти поднесувањето на кривичните пријави го прават со цел да покажат дека ги почитуваат Уставот и законите.

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на Шекеренска, соопштувајќи дека опозицијата поднесува неосновани пријави, надевајќи се дека ќе може да го спаси Зоран Заев од судските постапки против него.

„За Зоран Заев очигледно дека постојат несоборливи докази кои што го потврдуваат неговото однесување, во еден правец за неговиот обид за дестабилизација на државата, рушење на институциите, закани, користење на креирани материјали од странски центри, а во друг правец за негово учевство во криминално-финансиски случаи, се вели во реакцијата. Денешните кривични пријави и изјавата на заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска од ВМРО-ДПМНЕ ја оценуваат како обид за пазарење и дефокусирање на јавноста од суштинските прашања.

XS
SM
MD
LG