Достапни линкови

Повеќе од 100 загинати во нападите во Јемен


Извештаите велат дека бројот на жртвите на денешните самоубиствени напади на две шиитски џамии во Јемен, сега е повеќе од 100 луѓе. Телевизиска мрежа на шиитските бунтовници во Јемен извести дека загинале 137 луѓе и дека 345 повредени во нападите на џамиите во главниот град Сана. Здравствените работници потврдија најмалку 87 загинати и дека десетици повредени се во критична состојба. Напаѓачите таргетирале џамии кои ги користат шиитските муслимани на групата Хутхи, кои го контролираат поголемиот дел на северен Јемен, вклучително и Сана.

XS
SM
MD
LG