Достапни линкови

ЕУ и балканските земји започнаа кампања против џихадизмот


Европската унија и земјите од Балканот денеска започнаа кампања во насока на запирањето на протокот на борци од Југоисточна Европа да им се приклучуваат на џихадистите на Блискиот Исток. Министрите за внатрешни и надворешни работи од Балканаот, на конференцијата што ја организираше Австрија, ветија дека ќе соработуваат со официјалните претставници од Западна Европа, во преземењето на мерки за она што се нарекува растечка закана. „Бројките секојдневно се зголемуваат“, рече на прес-конференцијата европскиот Комесар за внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос. Тој одби да наведе одредени „жешки точки“ за џихадисти на Балканот, додавајќи дека тие се секаде и никаде, и дека ако го знаеле одговорот на тоа прашање веќе ќе презеле мерки. Постои зголемена загриженост дека превирањата на Блискиот Исток можат да влијаат во Босна и Косово, главно муслимански земји кои од 1990 година се разорени од невработеност, сиромаштија и корупција. Чекорите промовирани во Виена вклучуваат поефикасна меѓусебна комуникација и соработка со компаниите како Фејсбук и Гугл во отстранувањето на материјали од интернет. Другите предлози вклучуваат заедничка обука на граничната полиција и поефикасно споделување на ресурси од Европол и спроведување на новата борба против тероризмот воспоставена минатата година.

XS
SM
MD
LG