Достапни линкови

ЕУ ја критикува Белорусија за примената на смртна казна


Европската унија остро ја критикувеше Белорусија дека се уште пременува смртна казна и дека деновиве е осуден човек на смрт. Во соопштението на ЕУ се вели дека судот во јужниот град Хомел донел смртна пресуда за Сархеј Ивану. Тој бил осуден за силување и убиство. Европската унија соопшти дека правото на жалба на Ивану мора да биде гарантирана. Последното извршување на смртна казна во Белорусија се случило во април 2014 година. Активистите за човекови права рекоа дека човекот кој бил осуден на смртна казна за убиство на неговата жена и љубовница, бил погубен пред да ја разгледа жалбата Комитетот за човекови права на ОН.

XS
SM
MD
LG